Германската канцеларка Ангела Меркел ги бранеше досегашните мерки во битката против коронавирусот и отворила перспектива за пополека да се врати нормалното функционирање на општеството, истовремено признавајќи некои гршки и задоцнети реакции по првиот бран на пандемијата.
– Мислам дека променливиот курс, малку отворање, малку затворање, не носи повеќе туку неколку дополнителни денови на трпение – изјавила Меркел во обраќањето до пратениците во Бундестагот во образложението на актуелната политика на битката против коронавирусот.
Таа ја бранела вчерашната одлука за продолжување на мерките за затворање до 7 март и покрај константниот пад на бројот на новозаразени, образложувајќи го тоа со опасноста која доаѓа од мутираните соеви на вирусот.
– Мора да очекуваме дека мутираните соеви на вирусот ќе се шират многу брзо. Мутираните се многу реална опасност – вели Меркел.
Германската канцеларка ги признала грешките во битката со коронавирусот по првиот бран на пандемија, кој Германија, како што вели Меркел „добро го поднела“.
– Потао не дејствувавме доволно добро и доволно брзо и ги игнориравме предупредувањата на експертите – изјавила Меркел.