Меркел побара одговорно однесување од УЕФА со натпреварите на ЕУРО 2020

296

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да се однесува одговорно околу плановите финалето на ЕУРО 2020 да се одржи во Лондон, поради загриженоста во врска со ширењето на коронавирусот во Англија.

– Искрено се надевам дека УЕФА ќе покаже одговорен однос во врска со натпреварите на Европското првенство. Не би сакала на натпреварите да видам преполни стадиони и во целост ги поддржувам напорите на британските власти за спроведување на сеопфатни неопходни хигиенски мерки – додаде германската канцеларка.






Претходно денеска, италијанскиот премиер Марио Драги ја повика УЕФА поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија да го премести одржувањето на финалето на ЕУРО2020 од Лондон во Рим

Поврзани содржини