Меркел одговори зошто не носи заштитна маска на лицето

Таа се насмевна и одговори дека не ѝ е потребна маска, бидејќи ги почитува правилата за држење дистанца.

1,295

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера се соочи со незгодно новинарско прашање за тоа што од почетокот на пандемијата со ковид-19 никој не ја видел со заштитна маска на лицето.

Таа се насмевна и одговори дека не ѝ е потребна маска, бидејќи ги почитува правилата за држење дистанца.






– Ако ги почитувам правилата за дистанца, тогаш не ми е потребна заштитна маска. Но, кога не можам да го правам тоа, како на пример кога одам во продавница, тогаш ставам маска на лицето. Очигледно не сме се сретнале, инаку би ме виделе со маска. Секако, нема да ви кажам каде пазарувам – одговори Меркел.

Поврзани содржини