Меркел на работ на солзи! Ги молеше граѓаните да се придржуваат до мерките за ковид-19 (ВИДЕО)

Ако имаме премногу контакти пред Божиќ и на крајот тоа е последниот Божиќ со нашите баби и дедовци, тогаш ќе сториме нешто погрешно. Не треба да дозволиме тоа да се случи - рече таа.

1,579

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до своите сонародници да ги намалат социјалните контакти за време на Божиќ, нагласувајќи дека научниците практично бараат од граѓаните да се придржуваат до научните упатства.

Секогаш прибрана и студена, Меркел сега ги замоли Германците да се придржуваат до пропишаните мерки во емотивен настап, скоро на работ на солзи.






– Бројот на контакти е преголем, намалувањето на контактите не е доволно – рече Меркел во германскиот парламент.

– Извинете, навистина ми е жал од дното на моето срце, но ако цената што ја плаќаме е 590 смртни случаи на ден, тогаш според мене тоа е неприфатливо – рече таа, видливо вознемирена од пратениците и граѓаните.

Обраќајќи им се на пратениците, Меркел рече дека ограничувањата воведени на почетокот на ноември не се покажале ефикасни, бидејќи пред празниците се регистрирани голем број смртни случаи поврзани со коронавирусот и приемите во единиците за интензивна нега.

– Ако имаме премногу контакти пред Божиќ и на крајот тоа е последниот Божиќ со нашите баби и дедовци, тогаш ќе сториме нешто погрешно. Не треба да дозволиме тоа да се случи – рече таа.

Во меѓувреме, Германија забележа најголем број на дневни смртни случаи од ковид-19 – 590, според институтот Роберт Кох.

Поврзани содржини