Меркел му прати честитка на Заев: Германија и Северна Македонија се тесно поврзани
„Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите“, вели германската канцеларка во честитката.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честиташе реизборот за премиер на Република Северна Македонија.
„Ви честитам за реизборот за премиер на Република Северна Македонија. Северна Македонија и Германија се поврзани со тесно партнерство, билатерални врски, и како сојузници во НАТО“, нагласи таа во честитката.
Меркел посочи дека германската Влада целосно ја поддржува целта за поголемо доближување на земјата до Европската унија.
„Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите“, вели германската канцеларка во честитката.
Таа на крајот на Заев му посакува среќа и успех во неговата одговорна задача и изразува задоволство од соработката меѓу двете земји.