МЕРКЕЛ КАЖА КОЈ САКА ДА ЈА НАСЛЕДИ Кој е Армин Лашет?

Армин Лашет е многу успешен во управувањето со Северна Рајна-Вестфалија, најголемата германска провинција. Тој е човек кој може да раководи со таква провинција и тој може да биде на чело на Германија како канцелар, рече германската канцеларка.

405

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази целосна поддршка за Армин Лашет, премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, како кандидат за канцелар на изборите на 26 септември во Германија.

Лашет беше номиниран од Христијанскодемократската партија и Христијанско-социјалната унија.






– Армин Лашет е многу успешен во управувањето со Северна Рајна-Вестфалија, најголемата германска провинција. Тој е човек кој може да раководи со таква провинција и тој може да биде на чело на Германија како канцелар – рече Меркел.

Нејзината поддршка доаѓа две недели пред парламентарните избори во Германија на 26 септември, кога ќе стане јасно кој ќе биде идниот канцелар на земјата. Меркел уште во 2018 година објави дека повеќе нема да се кандидира за канцелар по четири мандати во кои ја водеше најмоќната економија во ЕУ од 2005 година.

Сепак, Лашет, кој не е само премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, туку и претседател на Демохристијанската унија, заостанува во прелиминарните анкети за јавното мислење во однос на кандидатот на левоцентристичките социјалдемократи.

Поврзани содржини