Меркел: Германската влада врши притисок да му се обезбеди медицинска помош на Навални

258

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази загриженост во врска со здравствената состојба на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

– Германската влада, заедно со други, врши притисок да му се обезбеди соодветна медицинска помош – рече Меркел пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.






Таа исто така ја оцени како многу алармантна групацијата на руски трупи на границата со Украина.

Меркел рече дека е важно да се одржи дијалог на таа тема.

Поврзани содржини