Меркел: Германија мора да им помогне на другите членки на ЕУ да застанат на нозе

257

Германија мора да им помогне на своите соседи во Европската унија да ги обноват економиите откако ќе заврши кризата со коронавирусот, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со пратениците од нејзиниот политички блок.

Според неколкумина учесници на состанокот, Меркел рекла дека е клучно за Германија, како земја извозник, нејзините партнери во Унијата да напредуваат, реферирајќи на разговорите за програмата за закрепнување на ЕУ, чиј обем и финансирање сè уште не се дефинирани, пренесува Хина.






– Никому не е во интерес само Германија да е силна – истакна Меркел.

На средбата, таа се согласила со шефот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ Ралф Бринкхаус дека Германија ќе мора да трансферира значително повеќе финансиски средства во Брисел, а за одлуката за таа помош да биде вклучен и Бундестагот.

Бринкхаус претходно изјави дека Германија сака да им помогне на своите партнери од ЕУ, но дека мора да знае за што ќе се искористат тие средства. Исто така, се очекува следната недела Европската комисија да претстави ревидиран предлог буџет.

Поврзани содржини