Меркел ќе ја обновува економијата со 130 милијарди евра
По дводневни разговори, Меркел истакна дека пакетот мерки претставува „смел одговор”, кој ќе ги поттикне потрошувачката и инвестициите, и ќе го намали притисокот врз семејствата и останатите.
Синоќа, Ангела Меркел најави план за обнова од 130 милијарди евра за периодот 2020-2021 година, чија цел е да ја поттикне економијата, која е тешко погодена од пандемијата на новиот коронавирус.
По дводневни разговори, Меркел истакна дека пакетот мерки претставува „смел одговор”, кој ќе ги поттикне потрошувачката и инвестициите, и ќе го намали притисокот врз семејствата и останатите.
Помошта е предвидена за задолжените општини, за времено намалување на ДДВ-то, префрлање на заедничките долгови врз сојузната држава, додаток од 300 евра по дете за семејствата или двојно поголема премија за купување електричен автомобил со цел да се поддржи автомобилската индустрија.