МЕРКАТА Е ПРОДОЛЖЕНА ДО 24 ЈАНУАРИ Задолжителен е негативен тест за влез во Грција

682

Грчките власти до 24 јануари ја продолжија мерката од 19 декември лани, за задолжителен негативен ПЦР или рапид тест за влез во Грција која важи и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние кои прележале ковид-19.

Мерката важи за сите патници, меѓу кои и за патниците кои доаѓаат од Северна Македонија.






Мерката предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет формулар.

Невакцинираните патници, и покрај задолжителниот тест, ќе бидат тестирани и при влезот во Грција. Мерката важи за патниците кои пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои е и Северна Македонија.

Поврзани содржини