Мерjем Узерли објави фотoграфии од деветтиот месец од бременоста ФОТО

3,058

Турската актерка Мерјем Узерли, која се прослави толкувајќи ја улогата на  султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, ситно брои до породувањето.

Славната Мерјем го чека своето второ дете, а сега покажа како изгледа во деветиот месец од бременоста.






Таа позирала во црвен фустан, додека седела на кревет, па во прв план бил нејзиниот труднички стомак.

Обожавателите биле воодушевени кога виделе дека актерката одлично изгледа само неколку денови пред породувањето.

Инаку, Узерли веќе ја има ќеркичката Лара, а наскоро очекува уште едно девојче.

„Ако биде сè во ред, во јануари ќе родам девојче. Лара веќе долго време сакаше брат или сестра, пресреќна сум што наскоро ќе ѝ ја исполнам таа желба. Среќна сум што семејството нѝ се проширува“, рекла актерката во септември за турските медиуми, но не сакала да го открие името на својот партнер.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини