МЕРЕЊЕ А ЛА МИНУТ Наместо 5, камионите ќе стојат на вага минута
Во првата фаза ќе се работи на автоматизација на терминалите и поврзување со новиот систем за видео надзор, а во проектот е вклучена и целосна замена на постоечките ваги со нови дигитални, како и замена на рампите со нови автоматизирани рампи.
Со грант од 4,2 милиони евра од Европската унија ќе се автоматизира граничниот премин Делчево, соопшти Царинската управа.
Во првата фаза ќе се работи на автоматизација на терминалите и поврзување со новиот систем за видео надзор, а во проектот е вклучена и целосна замена на постоечките ваги со нови дигитални, како и замена на рампите со нови автоматизирани рампи.
– Доколку досега еден камион на влез на граничен царински терминал за вагање се задржуваше и повеќе од 5 минути за да се измери и рачно да се внесат податоците, со имплементација на проектот се очекува истиот на вагање да се задржи 1 минута. Со ова значително ќе се забрза транспортот и ќе се олесни трговијата, особено на најфреквентните гранични царински терминали каде се вагаат и до 500 камиони дневно – велат од Царината.
Системот, како што е соопштено, во иднина ќе се поврзе и со останатите системи на Царинската управа што дополнително ќе влијае на олеснување и забрзување на царинските формалности, а разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, се со цел заедничко делување во борбата со криминалот и корупцијата.