МЕРЦЕДЕС ИМА ПРОБЛЕМ СО БАТЕРИИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТЕРЕНЦИ Еве што треба да направите доколку имате таков модел
Компанијата соопшти дека поради недостапно софтверско решение не може да го отстрани дефектот. Засегнати се моделите EQB произведени помеѓу декември 2021 и јануари 2023 година кај кои може да дојде до пожар поради неисправни батерии. Проблемот е откриен во САД, но може да бидат засегнати и возилата во Европа.
Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила поради неисправни ќелии на батериите, но сопствениците ќе мора да бидат трпеливи бидејќи софтверското решение уште не е достапно.
Компанијата соопшти дека повлекува 7.358 електрични теренци EQB во САД. Причината е можен краток спој во ќелиите на батеријата, што може да доведе до пожар. Засегнати се моделите произведени помеѓу декември 2021 и јануари 2023 година.
Според американската безбедносна агенција NHTSA, може да дојде до краток спој во батериските ќелии.
Решението е софтверско ажурирање за управување со батеријата, но не е достапно. Дотогаш, Mерцедес препорачува да не се полни батеријата повеќе од 80%. Повлекувањето ќе започне на 1 април 2025 година.
Според соопштението на NHTSA, повлекувањето во САД ги вклучува следните модели: EQB 250 – 2.636 возила, EQB 300 4Matic – 3.311 возила и EQB 350 4Matic – 1.415 возила
Од Мерцедес потврдија дека може да бидат погодени и возила во Европа, но не дадоа точни бројки.