МЕРЦЕДЕС ЈА НАПУШТА ГЕРМАНИЈА Производството планира да го пресели во Полска

Германскиот автомобилски гигант планира да ја затвори фабриката во Лудвигсфелде, недалеку од Берлин, до крајот на 2029 година.

399

Мерцедес-Бенц планира да го премести производството од Германија во Полска поради високите трошоци за работна сила, објави полскиот ТВП Ворлд.

Германскиот автомобилски гигант планира да ја затвори фабриката во Лудвигсфелде, недалеку од Берлин, до крајот на 2029 година. Во тој објект моментално се вработени повеќе од 2.200 работници, а годишно се произведуваат околу 60.000 специјализирани варијанти на комбиња и електрични возила „Спринтер“.






Производството на е-Спринтер, електрична верзија на популарното комбе за достава, ќе се премести во Полска бидејќи трошоците за работна сила во Германија се пет пати повисоки.

Новата фабрика ќе биде изградена во градот Јавор, во југозападна Полска, каде што Мерцедес произведува мотори и батерии за хибридни возила од 2019 година.

Одлуката наводно предизвикала контроверзии меѓу германските синдикати и локалните власти, а се очекуваат и протести во градот Лудвигсфелде.

Поврзани содржини