📽️ МЕРЦ СО ИЗВОД ОД МАТИЧНО ГО „ПРИДОБИ“ ТРАМП Дедото на американскиот претседател бил Германец

Германскиот канцелар ја истакна поврзаноста меѓу двете нации, додека шефот на САД го искористи моментот да го нагласи своето германско потекло како основа за ново поглавје во билатералните односи.

1,757

Американскиот претседател Доналд Трамп со видлива емоција го прими изводот од матичната книга на родени на неговиот дедо Фридрих, кој бил роден во Германија. Документот, во позлатена рамка, му го врачи германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Подарокот беше симболичен вовед во нивниот прв официјален состанок, кој се одржа денес во Овалната соба и се фокусираше на теми како трговските тензии, одбранбената соработка и поддршката за Украина.






Мерц ја истакна поврзаноста меѓу двете нации, додека Трамп го искористи моментот да го нагласи своето германско потекло како основа за ново поглавје во билатералните односи.

Трамп неодамна најави дека разгледува воведување до 50% царини на европски производи. Мерц повика на разумен дијалог, предупредувајќи дека економска конфронтација би штетела на обете страни.

Во врска со НАТО, Мерц потврди дека неговата земја планира да ги зголеми одбранбените трошоци на 3,5% од БДП до 2032 година, барање кое Трамп одамна го наметнува кон сојузниците.

И покрај разликите во ставовите, средбата заврши со заложба за натамошна соработка и за заеднички настап пред глобалните предизвици.

 

Поврзани содржини