МЕПСО ОБЈАСНИ ЗОШТО СНЕМА СТРУЈА УТРИНАВА НИЗ МАКЕДОНИЈА Се работи за регионален проблем поврзан со напонот
Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, велат од компанијата посочувајќи дека причина за прекинот биле високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион.
„Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици“.
Вака соопшти АД МЕПСО во врска краткотрајниот прекин на електрична енергија рано утринава низ Македонија. Електричната енергија се врати во функција за еден, а во некои места за два часа по прекинот.
„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, велат од АД МЕПСО.
Оттаму информираат дека нивните екипи продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем.
„Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија“, посочуваат од компанијата.