МЕПСО: Дрво падна врз далекувод, Дебар и околината се без струја

482

Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околните населени места, информира МЕПСО.

-Tежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10.35 часот. Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија – велат од МЕПСО.

Поврзани содржини