МЕПСО БИЛ СПОНЗОР НА ШКЕНДИЈА-АРАЧИНОВО Дали раководството од ложа ги следело натпреварите во цела сезона, прашува Митева

МЕПСО донирало пари за фитнес клуб, за стоматолошко друштво, за фудбалски клубови...

5,052

МЕПСО отпишал долг од 14 милиони евра затоа што должник бил синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДСМ и на ДУИ, изјави портпаролката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– А каде завршувале народните пари? На име донации и спонзорства АД МЕПСО согласно план и анализа за 2024 година предвидела вкупно 12.300.000 денари, а потрошила односно донирала и спонзорирала 22.712.500 денари. Донациите и спонзорствата се следни: Фитнес клуб Динамик Скопје добило 200.000 денари? Зошто и каква е поврзаноста на надлежноста на МЕПСО со донации и спонзорства на фитнес клуб? 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво МСД Скопје. Како, зошто и кој е основот за оваа донација? Кој е општествениот бенефит од оваа донација? Примател на донација или спонзорство е и Шкендија-Арачиново со исплата на 08.03.2024 во износ од 300.000 денари. Дали раководството на АД МЕПСО добило карти во ложа за да го проследи натпреварот за цела сезона на овој клуб? Или пак, на КК Башким? Затоа што и за овој клуб се доделени средства во износ од 250.000 денари во март оваа година – рече Митева.






Таа вели дека СДСМ и ДУИ трошеле без усул, без цел и план.

– Двете клучни функции на АД МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. Основна дејност на МЕПСО е оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците со минимални трошоци и секако со задоволување на еколошките барања во државата. Затоа Македонија немаше стабилен енергетски систем, затоа имавме покачување на сметките на електрична енергија, затоа бевме ограбена држава. Затоа што наместо за граѓаните народните пари се трошеле ненаменски и залудно – додаде Митева и рече дека утре ќе објави нова листа за донации и спонзорства од МЕПСО.

Поврзани содржини