МЕПСО ја завршува реконструкцијата на трафостаницата во Валандово

Инвестицијата од 770 илјади евра во нова опрема за АД МЕПСО, ќе значи намалување на трошоци за одржување и дефекти, а за стопанството сведување на минимум на ризици од испади.

415

Модернизација на трансформаторската станица во Валандово е при крај, а денеска конторла на извршеното направија вицепремиероката за  економски прашања Мила Царовска, генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева и градоначалникот на Валандово Перо Костадинов.

–  Со реконструкција на трафостаницата обезбедуваме стабилност на две врски кои се од круцијално значење. Првата е снабдување со квалитетна електрична енергија на железница, инфраструктура на македонски железници, а втората е прием на електрична енергија од производителот на ветерните централи Богданци – рече Шуклева.






Таа информир дека се заменети старите со нови прекинувачи и разделувачи во целата постројка, освен во полето ВЕЦ Богданци кои се нови и во целост, во сите полиња заменети се потпорни изолатори и мерни трансформатори.

–  Инвестицијата од 770 илјади евра во нова опрема за АД МЕПСО, ќе значи намалување на трошоци за одржување и дефекти, а за стопанството сведување на минимум на ризици од испади. Истата ќе овозможи зголемена сигурност во напојувањето на потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа и тоа во Валандово, Богданци и Гевгелија – рече Шуклева.

АД МЕПСО со новата опрема е подготвен на овој енергетски јазол во иднина да приклучи и нови производители или потрошувачи на електрична енергија на преносната мрежа.

Вицепремиерката  Царовска рече дека државните енергетски компании, како што е МЕПСО, вложија многу труд и посветеност во реализација на капитални инфраструктурни проекти за стабилноста на електро-енергетскиот систем,.

–  Со ваков тип на вложувања, како што денеска ги гледаме во трафостаницата во Валандово, се намалуваат трошоците за одржување, добиваме поголема доверба на граѓаните и на реалниот сектор за оваа мрежа на достава, односно во енергетскиот систем на нашата држава, но се исто така поттик да други инвеститори дојдат и да можат да ги искористат потенцијалите на нашата држава – рече Царовска.

Поврзани содржини
na