МЕНКИНОСКИ 10 ГОДИНИ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО БУГАРИЈА Адвокатот вели дека Софија сака да го замолчи

Адвокатот Тони Менкиноски тврди дека одлуката на бугарските власти е притисок поради неговата работа како правен застапник на Македонците пред Европскиот суд за човекови права.

293

Адвокатот Тони Менкиноски соопшти дека властите во Бугарија му изрекле забрана за влез во земјата во траење од 10 години, оценувајќи ја одлуката како скандалозна и како притисок врз неговата адвокатска работа.

Менкиноски најави дека утре ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти деталите за одлуката, како и околностите под кои му е изречена забраната.






Според него, мерката е директно поврзана со неговата работа како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Адвокатот тврди дека со ваквата одлука се прави обид да се замолчи неговата активност во случаите поврзани со правата на македонската заедница во Бугарија.

На утрешната прес-конференција, како што најави Менкиноски, ќе бидат презентирани можните причини за ваквата одлука, но и последиците што таа може да ги има врз правото на адвокатите слободно да се движат и да ги застапуваат своите клиенти пред меѓународните институции.

Поврзани содржини