Менче му се заблагодари на Брозовиќ за донацијата: Со еден потег ми го подобри животот!
Би сакала да му кажам дека ми го подобри животот само со еден потег - изјавила Менче за „Inter Tifosi Balkan“.
Ѕвездата на италијанскиот фудбалски клуб Интер, Марсело Брозовиќ, вчера донираше 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операција на колковите.
Таа денеска му се заблагодари на фудбалерот.
– Возбудена сум и пресреќна. Иако не следам фудбал и никогаш не сум слушнала за Брозовиќ, јас сум премногу благодарна за неговиот гест. Во секој случај, од моите пријатели дознав дека Брозовиќ е многу популарен и добар фудбалер, а сега докажа дека е и голем хуманитарец. Би сакала да му кажам дека ми го подобри животот само со еден потег – изјавила Менче за „Inter Tifosi Balkan“.
Инаку, таа се соочува со сериозни здравствени проблеми со колковите, а по првата успешна операција ѝ се појавиле нови компликации, па таа е повторно неподвижна.