По сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, целосно се повлече од светот на естрадата и јавниот живот и почнала да се занимава со одгледување на лаванда.
Петровиќ речиси и да не се појавува во јавност, а во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва, се вклучила во програмата од својата плантажа со лаванда.
Веднаш откако се огласила во емисијата, останала затечена од прашањето на водителот.
– Вие бевте менаџерка на Тоше Проески, дали ова беше начин да најдете мир?
Лилјана одговорила дека не очекувала такво прашање и додала дека никогаш нема да најде мир.
– Не го очекував ова прашање. Не можеш никогаш да најдеш мир. Можеш да научиш да се носиш со тоа – одговорила таа.