Менаџерите на Тутунски комбинат Прилеп на минималец, а работниците на вонреден платен одмор

Како што е соопштено, менаџерите ќе земаат минимална плата во месец април, a разликата ќе ја донираат во фондот.

590

Менаџментот на Тутунски комбинат Прилеп одлучи дел од платите за месец април да донира во Фондот за солидарност Кивид-19, а работниците да ги испрати на платен вонреден одмор.

Како што е соопштено, менаџерите ќе земаат минимална плата во месец април, a разликата ќе ја донираат во фондот.






–  Минимална плата(14.500 денари) ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори, како и лица со посебни овластувања и одговорности – раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал. дополнително разликата до целосниот износ на плата, односно паричен надоместок за менаџерскиот тим ќе биде уплатена на посебната наменска сметка на солидарниот СОVІD -19 фонд кој е формиран од страна на владата.- велат од Тутунски.

Менаџментот за да ги намали трошоците во работењето по договор со синдикатот на ТКП одлучил дел од вработените, администрација испрати на  платен вонреден одмор.

– Притоа, за администрацијата одморот ќе биде со траење од еден месец, а за дел од вработените од Погон Тутун ќе трае 20 дена. Во овој период ќе им биде исплаќан надоместок на плата од 80% согласно одредбите Колективниот договор и Законот за работните односи – велат од Тутунски.

Тутунскиот комбинат од Прилеп, како акционерско друштво целосно во државна сопственост, за првпат по речиси две децении минатата година ја заврши со добивка од над 39 милиони денари.

Поврзани содржини