МЕЛОНИ МУ ПЛЕСНАЛА НЕКОИ РАБОТИ НА ЗЕЛЕНСКИ В ЛИЦЕ На тензичен состанок биле спомнати Донбас, избори, промени…

Мелони отворено му рекла на Зеленски дека неговата позиција е ослабена поради, како што рече, „сигнали за корупција“, дека е време да размисли за некои болни отстапки и нови избори. Зеленски, пак, побарал од Мелони да влијае врз американскиот претседател, чиј став кон мировниот процес е сè потврд.

85

„Почнете да мислите деке е време за некои болни отстапки“.

Вака му рекла италијанската премиерка Џорџија Мелони на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на нивната средба во Рим, открива „Кориере дела Сера“. Разговорот, што траел 90 минути, бил далеку понапрегнат отколку што изгледало пред камерите, и според италијанските извори, зад затворени врати излегле на виделина сериозни разлики меѓу Италија и Украина.






За да се подготви за средбата Мелони претходно одржала консултации со министрите за одбрана и надворешни работи, Гвидо Кросето и Антонио Тајани. Додека тие разговарале со украинските колеги, италијанската премиерка се подготвувала да испрати поинаков сигнал, дека времето за безрезервна поддршка на Киев полека истекува.

Мелони отворено му рекла на Зеленски дека неговата позиција е ослабена поради, како што рече, „сигнали за корупција“, и дека доколку Украина сака да го задржи вниманието на Западот, мора да покаже флексибилност во мировните преговори.

Украинскиот претседател, пак, го барал спротивното. Според изворите, тој инсистирал Италија да се обиде да влијае врз Доналд Трамп, чиј став кон мировниот процес е сè потврд, а планот што го предлага не мора да ги следи максималните украински барања.

Во текот на средбата збор зел и шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха, кој пред италијанската делегација го изложил целиот „список на очекувања“ од Киев: активна улога на Италија во одмрзнување на руските средства во Белгија, поддршка за европската програма „Purl“, приклучување кон европската набавка на американско оружје и пренасочување дел од средствата од Европскиот фонд Safe за воена помош.

Но Италија, потсетуваат италијанските медиуми, е една од четирите земји кои одбиваат да го сторат тоа на чело со Белгија.

Напнатоста дополнително пораснала кога Зеленски изјавил дека е подготвен да размисли за нови избори во Украина, изјава што во Рим ја протолкувале како знак дека Киев се соочува со внатрешен политички притисок.

И покрај разликите, и Рим и Киев потврдиле дека разговорите за мировниот план ќе продолжат во координација со европските партнери и Соединетите Држави.

Поврзани содржини