МЕЛОНИ ГО КРИТИКУВА НЕТАНЈАХУ И БАРА ДА ПРЕСТАНАТ НЕПРИЈАТЕЛСТВАТА СО ГАЗА „Тој мора да го почитува меѓународното право“
Во последните месеци неколку пати разговарав со премиерот Нетанјаху. Ова често беа тешки разговори, во кои секогаш повикував на итен начин за прекин на непријателствата и на почитување на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, вели италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да го почитува меѓународното право, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Мелони истакна дека нема оправдување за ситуацијата во Газа.
– Во последните месеци неколку пати разговарав со премиерот Нетанјаху. Ова често беа тешки разговори, во кои секогаш повикував на итен начин за прекин на непријателствата и на почитување на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право. Ова е барање што го повторувам и денеска, во контекст на хуманитарната ситуација во Газа, која немам потешкотии да ја опишам како сè подраматична и неоправдана – рече Мелони за време на сослушувањe во Домот на пратениците на италијанскиот Парламент.
Таа посочи дека италијанската Влада не се согласува со неодамнешните одлуки на Израел, и покрај тоа што зад нападот на Хамас врз јужен Израел во 2023 година и суровоста кон заложниците стои умисла.
Мелони, исто така, рече дека Италија нема да го отповика својот амбасадор во Израел, бидејќи се стреми да ги поддржи мировните напори на Блискиот Исток и е вклучена во критички дијалог со еврејската држава.