Меланија во црвена кожа од 6.200 долари – совршен стајлинг за збогување ФОТО

680

Меланија Трамп ги одбројува последните денови во улогата на прва дама на САД – а нејзините модни избори сè уште се без конкуренција.

Меланија сигурно ќе ни недостасува во однос на модата – нејзините комбинации на облека отсекогаш биле елегантни, хармонични, честопати провокативни и енигматични…






Секако, помага тоа што таа е една од најубавите први дами во историјата на САД, но Меланија несомнено има одличен вкус кога станува збор за облеката.

Изгледаше сензационално во црвениот кожен капут на британскиот дизајнер Александар Меквин, додека таа и нејзиниот сопруг учествуваа на митинг во Џорџија.

Нејзиниот кожен огнено црвен мантил е совршено скроен за фигурата на Меланиja, а чини неверојатни 6.200 долари. Под мантилот, кој беше прикажан на последната ревија на Александар Меквин за сезоната есен/зима во Париз, Меланија носела едноставен, класичен црн фустан со долги ракави.

Таа покажа дека е вистински мајстор во заокружувањето на стајлингот со избирање на салонки во принт на зебра, дело на нејзиниот омилен дизајнер на чевли, славниот Шпанец Маноло Бланик. Овие чевли со храбар зебра принт биле одличен контраст со црвената кожа. Тие чинат 875 долари.

Стилистот на Меланија, Ерв Пјер, претходно откри дека првата дама не ја позајмува својата облека од дизајнерот и дека всушност го купува секое парче – дури и кога има намера да го носи во јавноста само еднаш.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини