Меланија Трамп конечно се појави во јавност, а сите зборуваат за нејзината фризура (ФОТО)

961

Сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија, конечно е видена во јавноста..

Откако Џо Бајден го замени Доналд Трамп на претседателското место, главни прашања беа дали Меланија ќе се разведе од Доналд и каде ќе живее. Меѓутоа, таа оттогаш не се огласуваше во јавноста, а конечно била видена деновиве, и тоа во друштво на конгресменката Клаудија Тени која објавила фотографија на својот твитер-профил.






Големо внимание предизвикала новата фризура на Меланија која е посветла од претходно, на чекор да стане русокоса.

Обоважателите коментираат дека новата боја одлично ѝ прилега и дека поранешната прва дама на САД изгледа совршено.

А, што се однесува до шпекулациите дека ќе се разведуваат, Доналд Трамп неодамна за „Њузмакс“ проговорил за Меланија и во таа прилика ѝ додел милион комплименти

– Меланија е многу самоуверена личност. Таа беше исклучително успешна како манекенка, а и е многу скромна, па затоа луѓето ја сакаат. Знаете, утре ќе одржам говор во Охајо и уште сега можам да прогнозирам дека ќе има многу транспаренти на кои ќе пишува „Ја сакаме нашата прва дама“ – изјавил Трамп.

File:First Lady Melania Trump speaking in 2015 (cropped).jpg - Wikimedia  Commons

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини