Меланија Трамп ги чека резултатите во едноставна, но ефектна комбинација ФОТО

2,248

По гласањето во фустан на „Гучи“ со дезен на препознатливите синџири на брендот и чанта „Ермес“ во рака, Меланија Трамп изборните резултати ги дочекува во покласична комбинација.

Во раните утрински часови, првата дама му се придружи на сопругот Доналд Трамп во Источната соба на Белата куќа, каде тој ја прогласи својата втора победа на изборите, иако не беа преброени сите гласачки ливчиња, а трката сè уште е напната.






За таа пригода, 50-годишниот Словенка избра едноставен црн костум со бела кошула. Комбинацијата не можеше да помине без чевлите со вртоглаво високи потпетици, кои станаа заштитен знак на Меланија во текот на четирите години.

Иако почесто ја гледаме во фустани, денес таа се одлучи за деловен костум кој, и покрај својата еноставност, изгледа ефектно.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини