Меланија Трамп целосно се промени откако не е во Белата куќа: Заборавете како порано изгледаше (ФОТО)

3,712

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, по излегувањето од Белата куќа не сакаше да комуницира со медиумите и вешто ги избегнуваше местата на кои можеше да ја фотографираат.

Само највештите папараци успеаја да ја „уловат“ Меланија.






Меланија Трамп за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп привлекуваше огромно внимание, како во медиумите така и во јавноста и во модниот свет.

Иако некои креатори од политички причини и несогласувања со идеологијата на нејзиниот сопруг ја одбиваа соработката со неа, поранешната прва дама пронаоѓаше начини да дојде до уникатни модни парчиња кои критичарите тешко можеа да ги наречат лоши избори.

По излегувањето од Белата куќа, Меланија ретко кој ја видел, а се зборуваше и дека се разведува од Доналд Трамп.

Неколкупати била фотографирана во Њујорк и сите забележале дека го променила својот моден стил.

Имено, Меланија сега е најмногу заинтересирана за деловните изданија и спортската елеганција.

Таа не се откажала од скапоцените брендови, како што се „Ермес“, „Барбери“ и „Кристијан Лабутин“.

Меланија останала доследна и едноставна, а и понатаму со ефектни комбинации, но промената во однос на модата во Белата куќа е голема, бидејќи сега е во издание на сериозна деловна жена.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини