Меланија снимена како пцуе: Кого го боли ку… за божиќните глупости и декорации ВИДЕО

2,780

Првата дама на САД изразила презир кон медиумските извештаи за одвојувањето на децата од родителите на американско-мексиканската граница пред две години, откриваат разговорите кои тајно ги снимила нејзината поранешна помошничка Стефани Винстон Волкоф, пренесува хрватски Индекс.

Волкоф се разиде со Меланија откако е откриена дека лошо управувала со финансиите на инагурацискиот одбор на претседателот Доналд трамп и од тогаш соработва со сојузните истражители кои ги проверуваат обвинувањата дека тој одбор служел како црн фонд за богатење на претседателското семејство.






– Немој да ме заебавате – реагирала Меланија на прашање на новинар поставено за политиката на Трамп за раздвојување на семејствата.

— Каде беа кога Обама тоа го правеше? – се слуша на снимката.

Германската агенција ДПА пишува дека некој емигрантски семејства биле раздвоени на границата и во времето на мандатот на Барак Обама, но дека тој не спроведувал политика на раздвојување на семејствата како Трамп кој ја користел за да ги одврати азилантите и имигрантите од илегалното преминување на границата.

Снимките покажуваат дека на Меланија и било преку глава поради прославата на Божиќ во Белата куќа.

– Кого го боли курот за божиќните глупости и декорации… Но, јас тоа морам да го направам, нели? – рекла првата дама во разговор со Волкоф во 2018 година.

Третседателот Трамп се фалел уште во 2017 година дека во Америка со Трамп како претседател повторно ќе се вели Среќен Божиќ, наместо изразот Среќни празници, кој се наметнал во изминатите години.

Поврзани содржини