Доцна синоќа, Белата куќа беше официјално отворена за зомби, вештерки, чудовишта, скелети, самовили и сите други магични суштества во кои граѓаните ширум Америка се облекуваатза заради Ноќта на вештерките, што традиционално се слави на 31 октомври секоја година.
Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, оваа година се одлучија за проколната шума, слична на декорацијата што го имаа и минатата година.
Важноста на овој празник во Америка ја покажува и фантастичната декорација која Белата куќа ја претвори во опседната шума.
Ова е четврта прослава на Ноќта на вештерките по ред во Белата куќа откако на власт дојде републиканскиот кандидат Доналд Трамп и неговата сопруга.
ФОТО: Инстаграм