Меланија откри како се чувствува откако дозна дека е позитивна на ковид-19

Како и голем број Американци оваа година, и Доналд Трамп и јас сме во домашен карантин, откако тестовите покажаа дека сме позитивни на ковид-19 - напиша првата дама на САД.

3,103

Пo веста дека таа и Трамп се заразени со короната, Меланија се огласи на Твитер и откри како се чувствува.

– Како и голем број Американци оваа година, и Доналд Трамп и јас сме во домашен карантин, откако тестовите покажаа дека сме позитивни на ковид-19. Се чувствуваме добро, но ги одложивме сите претстојни обврски. Ве молам да се чувате и ова заедно ќе го пребродиме – рече првата дама на САД.

 






Слична порака сподели и Доналд Трамп.

 

– Вечерва, првата дама и јас сме тестирани за ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Ќе го поминеме заедно – напиша тој.

Набргу потоа, Меланија објави видео во кое „потсетува на практични начини да го одржувате вашето семејство безбедно и здраво“. Ова видео за прв пат беше објавено во април.

Иако Трамп уште од почетокот рече дека не сака да носи маска и го исмејуваше Џо Бајден за носењето маска за време на неодамнешната претседателска дебата, Меланија во април објави видео во кое ги охрабрува луѓето да ги носат.

 

– Додека Центрите за контрола и превенција на болести продолжуваат да го проучуваат ширењето на ковид-19, властите препорачуваат носење заштитни маски на јавни места каде што е тешко да се одржат мерките за социјално дистанцирање, како што се маркетите и аптеките – порача Меланија во таа прилига и додаде дека без оглед на маската, луѓето исто така мора да обрнат внимание на далечината.

Набргу потоа, таа објави фотографија на која имаше ставено заштитна маска.

 

Поврзани содржини