МЕЛАНИЈА МУ ЗАБОДЕ НОЖ ВО ГРБ НА ТРАМП Нејзиниот став за абортусот може да го турне во изборен пораз

Императив е да се гарантира дека жените, врз основа на нивните убедувања, имаат автономија да одлучуваат за раѓање на дете, ослободени од каква било интервенција или притисок од Владата, пишува Меланија Трамп во мемоарите, што следната недела ќе бидат во книжарниците.

864

Белешка во претстојниот мемоар во која сопругата на Доналд Трамп силно го брани правото на абортус може да му ја помати водата на нејзиниот сопруг во изборната трка за претседател на САД. Ставот на Меланија е целосно спротивен со ставот на Трамп дека Ова е спротивно со ставот на Трамп дека американските држави треба да го ограничат прекинувањето на бременоста.

„Зошто некој освен самата жена да има моќ да одлучува што прави со своето тело“, напиша Меланија Трамп во нејзините мемоари што ќе бидат објавени четири недели пред претседателските избори во САД на 5 ноември.






Британскиот весник „Гардијан“ објави дека дошол до примерок од книгата која ќе биде насловена „Меланија“. Портпаролот на поранешната прва дама не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

„Ограничувањето на правото на жената да одлучи да стави крај на несаканата бременост е исто како и одземање на контролата врз сопственото тело. Тоа верување го имав во текот на мојот возрасен живот“, ги цитира „Гардијан“ мемоарите на Меланија Трамп.

 

Поврзани содржини