МЕЛАНИЈА КАЖА МАКЕДОНИЈА И ГИ РАЗЛУТИ ГРЦИТЕ Еден збор во говорот предизвика реакција на Атина

Грчката амбасада во САД реагираше на употребата на зборот „Македонија“ во говор на првата дама на САД. Според Атина користењето на „Македонија“ е против договорената рамка и може да влијае врз перцепцијата за грчкиот културен идентитет.

1,346

Првата дама на САД Меланија Трамп го користеше зборот „Македонија“ на Глобалниот самит во Белата куќа што веднаш предизвика реакцијата од грчката амбасада. Грчките медиуми пишуваат дека Меланија го употребила името да го опише северниот сосед на Грција што предизвикало чувствителни реакции.

Терминот, според грчката позиција, се врзува за историска и географска област во Грција и затоа неговата употреба за држава се смета за дипломатски спорна.






Грчката амбасада во Вашингтон стапла во контакт со релевантни институции со цел да се изврши корекција. Намерата била да се осигури дека официјалните записи и идните комуникации ја користат точната терминологија.

Според дипломатските извори, користењето на „Македонија“ создава конфузија и ја поткопува договорената рамка. Воедно, се нагласува дека тоа може да влијае врз перцепцијата за грчкиот културен идентитет.

Грччката страна исто така тврди дека според принципот ерга омнес од Преспанскиот договор потпишан во 2018 година, соседот мора да се нарекува „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти.

Глобалниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ беше организиран од Меланија и ги собра првите дами од многу држави во светот. Меѓу нив се најде и сопругата на македонскиот премиер, Рози Мицкоска која имаше свое обраќање на работна сесија, а оствари и разговор и размени мислењ со Меланија.

Централен момент на самитот беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.

Поврзани содржини