📷 МЕЛАНИЈА КАКО ОД МАЈКА РОДЕНА Гола фотографија од сопругата на Доналд Трамп е повторно актуелна
Фотографијата на голата Меланија е направена во јануари во далечната 2000 година за магазинот GQ.
Изборната кампања во САД се вжештува откако актуелниот американски претседател Џо Бајден објави дека се повлекува од трката за претседател на САД и ја поддржа актуелната потпретседател Камала Харис.
Имено, Ана Наваро, американски политички аналитичар и коментатор, објави стара фотографии на која Меланија Трамп, актуелната сопруга на екс американскиот претседател, а сега кандидат Доналд Трамп, е без ниту едно парче облека на себе.
Иако Ана е член на Републиканската партија, таа е гласен критичар на републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим.
„Некои републиканци упатија непријатни сексуални забелешки за Камала Харис на телевизија и на социјалните мрежи, сакајќи да ја направат нејзината историја на романтични врски сомнителна. Само напред. Сакате да го направите сомнително? Само напред. Никогаш не сум видела голи слики од Камала Харис или нејзиниот сопруг“, напиша Ана на својот Инстаграм, под фотките од младата и гола Меланија.
Фотографијата на голата Меланија е направена во јануари во далечната 2000 година за магазинот GQ.
Убавата Словенка е прикажана како гола лежи на крзнениот тепих облечена во дијамантски ѓердан, нараквици и црни потпетици, додека е врзана со лисици на актовката на Доналд Трамп во неговиот приватен авион.