📷 МЕЛАНИЈА И ДОНАЛД ТРАМП СЛАВАТ 20 ГОДИНИ БРАК Американскиот претседател ѝ честиташе годишнина со прекрасна свадбена фотографија

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија слават 20 години брак. Тие се венчаа во 2005 година, по седум години врска, а Меланија носеше венчаница од „Диор“, дизајнирана од Џон Галијано.

726

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија слават 20 години брак. Тие се венчаа во 2005 година, по седум години врска, а Меланија носеше венчаница од „Диор“, дизајнирана од Џон Галијано. Како што објавија медиумите, луксузната венчавница чинела околу 100.000 долари, а за изработка биле потребни 500 часа физичка работа.

Венчаницата била направена од 91 метар свила и тежела 25 килограми. Била украсена и со 1.500 дијаманти и бисери.






Меланија имала бидермаер во вид на бели рози.

 


„Среќна 20-годишнина, Меланија“, напиша Трамп во описот на нивната свадбена фотографија.

 


Трамп во април 2004 година ја запроси Меланија со дијамантски прстен од 12 карати вреден неверојатни 2 милиони долари, а таа му рече „да“.

За првиот состанок на парот, Трамп ја одвел Меланија на вечера, а потоа во клубот „Мумба“, кој не прифаќал никој што не бил познат или со некој што е славен. Еден месец по нивното запознавање во Кит Кат, Трамп ја однел Меланија со својот приватен авион на викенд во Палм Бич. Тие отседнале, се разбира, во Мар-а-Лаго, величествениот имот на Трамп.

 

Поврзани содржини