МЕЛАНИЈА ГО УБЕДИЛА ТРАМП ДА ГО СМЕНИ СТАВОТ ЗА ПУТИН? Украинците ја слават дамата „Трампенко“

Списанието „Бизнис ин Украина“ забележа дека „вечерва има многу љубов кон Меланија Трамп на социјалните мрежи“ по најавата дека САД ќе испратат системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина.

1,037

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникoт, 14 јули, сугерираше дека првата дама Меланија му влијаела да го смени мислењето за Русија.

– Се враќам дома. Ѝ велам на првата дама: „Знаеш што? Денеска разговарав со Владимир. Имавме прекрасен разговор.“ Таа ми рече: „О, навистина? Уште еден град е гранатиран“ – изјави шефот на САД зборувајќи на состанокот во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО.






И потоа продолжи:

– Имаше моменти кога се враќав дома. Ќе речев: „Прва дамо, имав одличен разговор со Владимир. Мислам дека завршивме.“ И потоа ќе го вклучев телевизорот или таа ќе речеше: „Слушајте, тоа е чудно затоа што штотуку бомбардираа дом за стари лица“.

„Гардијан“ пишува дека сега Украинците ја слават Меланија за оваа нејзина улога. Списанието „Бизнис ин Украина“ забележа дека „вечерва има многу љубов кон Меланија Трамп на социјалните мрежи“ по најавата дека САД ќе испратат системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина.

 

Еден корисник на социјалните мрежи објави фотографија од „агентката Меланија Трампенко“ облечена во јакна со украински трозабец.

Нејзиното лице е полузасенчено од голема шапка, што дава впечаток дека работи тајно во Белата куќа, во корист на Киев.

Како што потсетува „Гардијан“, Меланија, родена во Словенија во времето на поранешна Југославија, претходно изгледаше како поголем поддржувач на Украина од нејзиниот сопруг Трамп, кој во февруари оваа година го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски диктатор.

Кратко откако почна војната во 2022 година, Меланија ги повика своите следбеници на социјалните мрежи  да донираат на Црвениот крст, велејќи дека е „срцекршачко и ужасно да се гледаат невини луѓе како страдаат“, пишува „Гардијан“.

 

Поврзани содржини