Меланија го преуреди дворот во Белата куќа, па ги налути Американците: „Го уништи“

Изгледот на градината првично го има дизајнирано Џеки Кенеди на почетокот на 60-тите години со шарени лалиња, рози, стебла од магнолија и јапонски цреши.

730

Меланија Трамп се пофали на „Твитер“ со преуредувањето на градината која е дел од Белата куќа, а позната под името „Rose Garden“.

Изгледот на градината првично го има дизајнирано Џеки Кенеди на почетокот на 60-тите години со шарени лалиња, рози, стебла од магнолија и јапонски цреши, а совршено се истакнуваше во кобинацијата со белите ѕидови на претседателската резиденција.






Сегашната прва дама на САД ја уреди градината во минималистички стил. Дури има отстрането и некои од стеблата, а шареното цвеќе го заменила со бело кое речиси и да не се приметува.

 

– Возбудени сме што вечерва ќе и оддадеме почит на историјата и ја славиме иднината во нашата прекрасна „White House Rose Garden“. Благодарам до сите кои ми помогнаа да го обновиме овој култен и навистина прекрасен простор – напиша Меланија на „Твитер“ со фотографии од обновената градина.

На Американците новиот изглед на „Rose Garden“ воопшто не им се допадна, а своето нездоволство го искажаа на друштвените мрежи.

– Меланија Трамп направи „Rose Garden“ да изгледа како нејзиното семејство – ладно и празно“, – Рајот го претвори во паркинг“, – Трудот и работата на славната Џеки Кенеди успеа во целост да го уништи. Тој во денешно време сече дрва?“, се само од некои од коментарите на лутите Американци.

 

Поврзани содржини