Меланија фотографирала теписи во Белата куќа додека траел уапдот во Конгресот

Извор од Белата куќа за Си-Ен-Ен изјавил дека таа повеќе не е психички или емоционално подготвена да се вклучи.

1,909

Додека по упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на Конгресот, обидувајќи се да го сопрат изјаснувањето на конгресмените по победата на Џо Бајден, Трамп и дел од неговото семејство се огласи на социјалните мрежи. Меѓу нив не беше и  неговата сопруга Меланија.

Си-Ен-Ен дознава дека таа наместо да се занимава со упадот во Конгресот, организирала фотосесија во Белата куќа која ќе и послужи за објавување книга.






-Тие снимаа теписи и други работи во резиденцијата на претседателот и источното крило – изјави извот од Белата куќа за Си-Ен-Ен.

Меланија, според изворот, сака да ги овековечи во книга предметите што ги обновила од влегувањето во Белата куќа.

Исворот од Белата куќа за Си-Ен-Ен изјави дека таа нема да дава никакви изјави околу упадот во Конгресот.

-Таа повеќе не е психички или емоционално подготвена да се вклучи – изјавил изворот.

Поврзани содржини