Мел Гибсон: Имав коронавирус, се лекував во тајност

815

Холивудскиот актер Мел Гибсон (64) бил позитивен на коронавирус во април, поради што една недела бил во болница, пишува „Дејли телеграф“.

Гибсон лежел во болница во Лос Анџелес, а се наведува дека тој сега целосно закрепнал и дека се вратил на нормалното функционирање.






– Тој беше позитивен во април и помина една недела во болницата – се наведува во соопштението за ПР-службата на Гибсон.

Објавено е дека тој бил лекуван со лекот „ремдесивир“ за времепрестојот во болницата и дека се чувствува добро.

– Тој беше лекуван со „ремдесивир“ за време на престојот во болницата. Тој беше тестиран неколкупати после тоа и беше негативен – е објавено во соопштението.

 

 

 

 

Поврзани содржини