Мел Гибсон драматично му салутираше на Трамп (ВИДЕО)

1,164

Холивудскиот актер и режисер Мел Гибсон е забележан како му упатува војнички поздрав на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Тие беа само дел од познатите личности на УФЦ-264 натпреварот во боречки вештини меѓу Дастин Поарие и Конор Мекгрегор.






На мечот се забележани и поп-пејачот Џастин Бибер, глумицата Меган Фокс и сценскиот комичар Дејв Чапел.

Пристигнувањето на Трамп на арената беше пречекано и од навивања и од крици на негодувања, додека минуваше низ толпата. Инаку, Поарие победи на крајот од првата рунда, откако Мекгрегор си ја повреди ногата.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини