Мексиканската Ким Кардашијан почина по операција за зголемување на задникот ФОТО

4,287

Мексиканската Ким Кардашијан, 29-годишна инфлуенсерка и манекенка Џоселин Кано, почина по операција за зголемување на задникот во Бразил, пренесува „Дејли мејл“.

Несреќната девојка, како што пишуваат, почина на 7 декември годинава, а социјалните мрежи се збогуваат со неа. Иако нејзиното семејство сè уште не ја потврдило веста за смртта, на Јутјуб се појави видео од погребот, за кој велат дека е нејзин. Видеото покажува тело на млада жена во ковчег покрај кој се наоѓа нејзината фотографија во костим за капење и луѓе кои доаѓаат да се простат од неа.






Џоселин ја објави последната фотографија на Инстаграм на денот на нејзината смрт. Речиси 13 милиони луѓе ја следат на таа социјална мрежа.

Кано била модел, инфлуенсерка и модна дизајнерка. А, веста во јавноста дошла по објавата на нејзината колешка Лире Мерсер.

„О, мој Боже… Џоселин Кано почина во Колумбија, на операција. Тоа е сурово“, напишала Лире.

Инаку, Џоселин ја нарекуваа „мексиканската Ким Кардашијан“ заради облините кои потсетуваа на славната старлета.

Бразилското зголемување на задникот вклучува операција во која масното ткиво се зема од другите делови на телото за да се пренесе на задникот.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joselyn Cano 🧿 (@joselyncano)

FOTO: Instagram

Поврзани содржини