Откако луѓето на интернет почнаа да бараат Доналд Трамп да се отстрани од филмот „Сам дома 2“, во тоа ги поддржа и актерот Меколи Калкин, кој го игра малиот Кевин Мекалистер.
„Ќе покренеме петиција во која бараме Трамп да биде отстранет од сцената во филмот „Сам дома 2“ и да биде заменет со 40-годишниот Меколи Калкин“, напиша една корисничка на Твитер.
„Продадено“, ѝ одговори Калкин.
Калкин го поддржа и корисникот кој самиот го избриша Трамп од сцената.
„Браво“, му порача.
Режисерот на филмот изјави за „Инсајдер“ дека сцената со Трамп не била планирана, но тој ги присилил да му дадат улога.
„Тој рече дека смееме да го користиме неговиот хотел само ако и тој е дел од филмот.“
Трамп предизвика бес во јавноста откако неговите приврзаници провалија во Капитал и предизвикаа нереди.
due to popular request I have removed trump from home alone pic.twitter.com/HoTA2csMl4
— ᅟᅟᅟᅟᅟᅟᅟᅟ (@maxschramp) January 9, 2021
ФОТО: Press