На церемонијата на доделувањето на наградите Ем-ти-ви, за малку ќе дојдеше до тепачка кога шампионот на УФЦ, Конор Мекгрегор го нападна американскиот рапер Машин Ган Кели и се обиде да го удри со тупаница.
View this post on Instagram
Имено, Кели, чие вистинско име е Колсон Бејкер, пристигна на големиот музички настан со својата девојка Меган Фокс, а хаос настана кога парот почна да позира пред фотографите.
Мекгрегор (33) полета кон раперот со намера да го удри со тупаница, додека Меган Фокс се обидуваше да ги раздели.
Сепак, ситуацијата бараше реакција на припадниците на обезбедувањето, кои успеаја да го задржат Конор, а на крајот никој не беше повреден.
View this post on Instagram
Сѐ уште не е точно познато што го предизвикало овој инцидент, но Конор изгледа негира дека настанот воопшто се случил.
На прашањето што се случи, тој за „Ентертејмент тунајт“ изјави: „Апсолутно ништо. Не знам. Се појави, а јас не знам. Не го познавам момчето“.
„Ништо не се случи со мене, јас се борам само со вистински борци, луѓе кои всушност се борат. Сигурно не се борам со мали обични рапери. Јас дури и не го познавам момчето“, додаде Конор.
View this post on Instagram
Иако еден сведок тврдел дека било хаотично и дека обезбедувањето морало да интервенира за да се избегне поголема тепачка, претставникот за медиуми на Конор демантираше дека конфликтот се случил и покрај фотографиите што излегода во јавноста.
Инаку, се чини дека раперот Кели бил обожавател на Конор, имајќи предвид дека во март, тој присуствуваше на неговата борба за УФЦ 260 во Лас Вегас со Меган, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.
ФОТО: Инстаграм