„МЕКДОНАЛДС“ СЕ ВРАЌА ВО РУСИЈА Регистрира седум трговски марки на неговите познати производи

„Мекдоналдс“ го напушти рускиот пазар во пролетта 2022 година, по почетокот на конфликтот во Украина и воведувањето на западните санкции против Москва.

116

Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ регистрираше 7 трговски марки во Русија кои ги опфаќаат неговите добро познати производи и услуги, според податоците од организацијата „Роспатент“.

Регистрирани се брендовите „Биг Мек“, „Биг Тасти“, „Ројал Чизбургер“, „Квартер Паундер“, „МекФреш“, „МекФлури“ и „МекДеливери“ .






Барањата за регистрирање на овие трговски марки, како што објави руската агенција ТАСС се поднесени од САД во декември 2024 година, а одлуката за регистрација беше донесена во текот на оваа година. Регистрациите истекуваат во 2034 година.

„Мекдоналдс“ го напушти рускиот пазар во пролетта 2022 година, по почетокот на конфликтот во Украина и воведувањето на западните санкции против Москва.

Потоа сите ресторани беа затворени, а во мај истата година, компанијата објави дека целосно ја напушта Русија.

Руските средства на „Мекдоналдс“ ги купи бизнисменот Александар Говор, кој во јуни 2022 година отвори ресторани за брза храна под новиот бренд „Вкусно и точка“.

Поврзани содржини