МЕХАНИЗМОТ БАЛАНСЕР ЌЕ ГО ЗАМЕНИМЕ СО ЗАКОН Меџити најавува дека за 2-3 недели законското решение ќе биде пред пратениците

Претставници на коалицијата Вреди досега во повеќе наврати рекоа дека законот нема да се однесува само на етничките заедници, туку ќе обезбеди оправична застапеност за сите маргинализирани групи.

409

До почетокот на новата година во парламентарна процедура ќе биде законот за правична застапеност, најави денеска вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.

– На крајот на оваа или на почетокот на новата година во парламентарна процедура ќе биде законот за правична застапеност. На добар пат сме да го затвориме ова прашање. Во Владата се договоривме да го унапредиме оваа прашање откако механизмот балансер беше укинат во Уставниот суд без наша вина, бидејќи овој суд не е избран од ова парламентарно мнозинство. Значи, механизмот да го замениме со посебен закон за соодветна и квалитативна застапеност во државната и јавната администрација – рече Меџити во гостување на ТВ 21.






Премиерот Христијан Мицкоски вчерарече дека работните групи работат на изготвувањето на закон за правична застапеност кој наскоро се очекува да се најде пред пратениците.

– Проблемот е во скрининг извештајот на ЕУ. Таа констатира дека балансерот е злоупотребен, дека му поминала таканаречената употребна вредност и дека треба да се замени со нешто коешто ќе има. Ние не стоиме и не чекаме, туку работат групи да направат закон за правична застапеност кој што ќе биде уставен и за бргу ќе се најде пред пратениците во Парламентот. Немојте да мислите дека ние сакаме да бидеме влада којашто ќе јава на полето на фрустрацијата што ќе се креира кај граѓаните – рече премиерот Мицкоски.

Уставниот суд на  9 октомври го укина балансерот, алатка која се користеше при вработувањето во јавната администрација со цел да има соодветна и правична застапеност на етничките заедници.

Претставници на коалицијата Вреди досега во повеќе наврати рекоа дека законот нема да се однесува само на етничките заедници, туку ќе обезбеди оправична застапеност за сите маргинализирани групи.

Поврзани содржини