МЕГАВАТ СТРУЈА ВО УНГАРИЈА ЧИНИ 72,34 ЕВРА На македонската берза просечната цена е 74,66 евра

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, порачуваат од ЕДС Инфо поинт.

68

Просечната цена на струјата на HUPX берзата во Унгарија за петок 22.08.2025 изнесува 73,24 евра за мегават час, додека на македонската берза МЕМО 74,66 евра за мегават час, соопшти компанијата ЕДС Инфо поинт.

Споредбата на пикот на цената на струјата во дневните часови е следната:






„Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 48,07 евра за мегават час, а на MEMO 32,61 евра“.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX, според анализата на ЕДС Инфо поинт, изнесува 35,24 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 33,39 евра.

„Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето“, порачуваат од ЕДС Инфо поинт.

Според компанијата, информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас, кои ги подготвува аналитичкиот тим на ЕДС,  може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Поврзани содржини