📷 МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА ЧИНИ 95,91 ЕВРА На македонската берза цената изнесува 86,07 евра
Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, велат од ЕДС Инфо поинт нагласувајќи дека имаја ја предви состојбата на енергетскиот пазар во светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење и за редовно подмирување на сметките.
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 11 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 95,91 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 86,07 евра/mwh, соопшти компанијата ЕДС Инфо поинт.
„Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 67,05 евра за мегават час, а на MEMO 45,94 евра“, се вели во соопштението.
Според податоците на компанијата, цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 38,52 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 35,04 евра.

„Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето“, порачуваат од ЕДС Инфо поинт.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.