МЕГАН СО ОВА СВЕДОЧЕЊЕ ЌЕ ЈА УНИШТИ КРАЛИЦАТА Скандалот кој ја тресе Британија добива судски епилог

Меган наводно треба да сведочи против синот на кралицата, принцот Ендру, кој е обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка.

1,254

Се чини дека војвотката од Сасекс, Меган Маркл, би можела да биде повикана на суд, овој пат како сведок на тужителката Вирџинија Робертс Џуфре, во граѓанската тужба против синот на кралицата, принцот Ендру, кој е обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка.

Како што изјавил Дејвид Бојс, адвокатот на Вирџинија Робертс Џуфре, во граѓанската тужба против принцот Ендру, Меган Маркл би можела да биде повикана како сведок од едноставна причина – затоа што таа е личност на која може да ѝ се верува дека ќе ја „каже вистината“.






Освен тоа, за неа размислуваат и од причина што живее во Америка, а целата постапка се одвива под надлежност на американскиот суд, како и поради тоа што таа била „блиска соработничка на принцот Ендру, па можеби видела или слушнала нешто што би им било одело во прилог“.

„Поради нејзината поврзаност со него, таа би можела да има важни информации за судењето“, изјави адвокатот Бојс, додавајќи дека конечната одлука сѐ уште не е донесена, и дека во моментов сѐ е на разгледување.

Сега 38-годишната Вирџинија Робертс Џуфре одлучи да го тужи принцот Ендру по долгогодишно молчење, тврдејќи дека тој ја принудил на сексуални односи дури три пати во 2001 година, кога имала само 17 години.

На суд се разгледува дали да сведочи и поранешната сопруга на принцот, Сара Фергусон, но сз е многу потешко бидејќи таа живее во Велика Британија.

Кралицата Елизабета нема да биде вмешана во судскиот процес.

Поврзани содржини