Меган првпат се појави по интервјуто на Опра, сите зборуваат за нејзиниот накит со силна порака ФОТО
Минатиот викенд, целиот свет ja проследи снимката од концертот „Vax Live“, чија цел беше поддршка на глобалната кампања за вакцинација. Концертот беше поддржан од бројни sвезди, меѓу кои Џенифер Лопез, пејачот на „Перл Џем, Еди Ведер, групата „Фу Фајтерс“, регетонскиот пејач Џеј Балвин и американската пејачка Х.Е.Р кои настапија на спектаклот емитуван на каналот Јутјуб.
Домаќин на концертот беше славната пејачка и актерка Селена Гомез, а иницијативата ја поддржаа принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кои за првпат се обратија до јавноста по бомбастичното интервју кај Опра Винфри.
– Не можеме да се одмориме или целосно да закрепнеме сѐ додека не има праведна дистрибуција во секој агол на светот. Вирусот не ги почитува границите и пристапот до вакцината не смее да биде географски одреден – рекол принцот Хари
„Како покровители на кампањата „Vax Live“, јас и мојот сопруг веруваме за закрепнување пресудна е посветеноста кон здравјето, безбедноста и успехот на сите, но особено за жените кои оваа пандемија непропорционално ги погоди“, рекла Меган која не ги симнувала рацете од трудничкиот стомак, кој се надѕирал под широкиот цветен фустан. Патем, фустан на Меган стана апсолутен хит, веднаш по нејзиното обраќање, и сите зборуваат за него.
Меган исто така откри колку е возбудена поради доаѓањето на нивното девојче на свет и откри зошто, меѓу другото, ја поддржуваат кампањата за глобална вакцинација.
Пред сѐ, војвотката од Сасекс внимание привлече со ланчето со знакот за женска моќ, кое не го носеше случајно бидејќи токму таква порака и сакаше да испрати.
– Мојот сопруг и јас сме воодушевени што наскоро ќе ѝ посакаме добредојде на нашата ќерка. Тоа чувство на радост го споделуваме со милиони други семејства ширум светот. Кога помислуваме на неа, мислиме на сите млади жени и девојки на кои мора да им се даде можност и поддршка за да нѐ водат напред – заклучила Меган.